Зоран Заев претседателот на СДСМ се обрати на граѓанска трибина во Скопје при што истакна дека режимското ВМРО-ДПМНЕ го поддржа Максим Димитриевски на локалните избори во Куманово.
Тој потенцираше дека кандидатот на ВМРО за градоначалник на Куманово Тони Михајловски и и потпретседателот на ВМРО Александар Николовски објавија сојуз со Максим Димитриевски, а тој пак великодушно се заблагодари за поддршката од структурата на режимското ВМРО.
“Ништо ние не сме згрешиле во Куманово, напротив сме го намирисале режимот и затоа Максо не е кандидат на СДСМ, туку е кандидат на режимското ВМРО.”
Претседателот Заев истакна дека срга ситуацијата е чиста и останува на граѓаните да излезат да гласаат во Куманово, за прогресивното СДСМ со Илиевски или за режимското ВМРО со Димитриевски.