ноември 22, 2024

Бектеши вели Џафери се извинил за нападот, Бислимовски вели не е точно

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска пред медиумите тврдеше Аријанит Џафери му се извинил за физичкиот напад на претседателот на Регулаторната комисијата за енергетика Марко Бислимоски.

Од Регулаторната комисија за Дојче Веле го демантираат Бектеши и велат дека тоа не е точно.
„Џафери не се извинил“.

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери, вчера заработи кривична пријава за насилство од МВР. Тој самиот се јавил на разговор во полициската станица во Кисела Вода и во целост го признал делото.

Премиерот Зоран Заев денеска го осуди инцидентот, оценувајќи го како „недозволиво, чин на кривично дело“.

Причината за нападот врз Бислимоски е одлуката на Регулаторната комисија од 23 септември годинава да започне постапка за одземање на лиценцата за снабдување со електрична енергија на фирмата на Аријанит Џафери.

Read Previous

Интересот за имунизација против ковид-19 опаѓа, вчера 873 лица примиле прва доза вакцина

Read Next

Снег падна на Пелистер