ноември 21, 2024

Интересот за имунизација против ковид-19 опаѓа, вчера 873 лица примиле прва доза вакцина

Изминативе денови спласнува интересот на граѓаните за имунизација против ковид-19, а многу мал е и бројот на лица што се одлучуваат да примат трета доза на вакцина. Податоците на Министерството за здравство велат дека вчера само 873 лица примиле прва доза на вакцина против ковид-19, додека ревакцинирани биле 2.513 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 72 граѓани.

За разлика од најновите статистики, во последната седмица на минатиот месец, на пример, бројката на вакцинирани била најмалку околу 3.000 дневно.

Во согласност со ваквите податоци, во земјава досега биле ревакцинирани 44 отсто од полнолетната популација, односно 38 отсто од целокупното население во земјава. Притоа, 35 отсто од популацијата во Македонија примила две дози на вакцини против ковид-19.

Заклучно со 6 октомври, вкупно биле вакцинирани 793.179 граѓани, ревакцинирани се 743.374 лица, додека трета доза на вакцина досега примиле само 571 граѓани.

Министерството за здравство информира дека 53 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Read Previous

Заев од Словенија: Чекорите што Радев ги презема во име на Бугарија се навреда за македонските граѓани

Read Next

Бектеши вели Џафери се извинил за нападот, Бислимовски вели не е точно