ноември 23, 2024

МВР: 152 сообраќајни прекршоци во Скопје, 63 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информираат од таму.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 9 за возење под дејство на алкохол, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 3 мерки за неносење на сигурносен појас, 7 за возач почетник, 8 за користењена мобилен телефон, 21 за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат,“ се вели во соопштението.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Read Previous

Мишел ги повика Курти и Вучиќ да ги намалат тензиите

Read Next

Германија избира наследник на Меркел