Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел синоќа повика на деескалација на тензиите меѓу Косово и Србија и да го продолжат преговарачкиот процес.
„Време е Србија и Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти, да направат чекор назад и да придонесат за деескалација, вклучително и повлекување на специјалните полициски единици и барикади и да продолжат преговорите по предлог на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак“ напиша Мишел на Твитер.
Тој додаде дека бил во близок контакт со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.