декември 3, 2024

Германија избира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за идниот канцелар, што ќе ја наследи Ангела Меркел.

Федералната изборна комисија ја одобри кандидатурата на вкупно 54 партии, но 47 ќе излезат на гласање. Се натпреваруваат 6.211 кандидати, меѓу кои 2.024 жени.

Се очекува главната борба да ја водат конзервативните демохристијани (ЦДУ и ЦСУ) и социјалдемократите (СПД), кои во моментов заедно формираат голема црно-црвена коалиција и опозициските Зелени. Тие три партии се единствените кои, надевајќи се на победа, официјално ги предложија своите кандидати за канцелар.

Меркел ги повика Германците да го поддржат Армин Лашет.

Германските медиуми деновиве пишуваа дека изборите ќе бидат неизвесни, а постизборните сојузи уште повеќе.

Read Previous

МВР: 152 сообраќајни прекршоци во Скопје, 63 за брзо возење

Read Next

Урсула фон дер Лајен утре во посета на Македонија