Претседателот Стево Пендаровски ќе го има последниот збор за тоа дали бизнисменот Сеад Кочан ќе добие помилување и со тоа предвреме ќе ја заврши затворската казна за случајот „Труст“.
Поранешниот сопственик на „Трансмет“ упатил барање до Министерството за правда, каде министерот Бојан Маричиќ треба да ја разгледа молбата и со свој предлог да ја достави до Пендаровски, а потоа неговата комисија за помилувња треба да даде свое мислење.
Според сознанијата на „Фокус“, Кочан во затворот „Идризово“ до сега издржал безмалку половина од казната,која со одлука на Апелација му беше дефинирана на 4 години и 8 месеци. Кочан веќе две години и еден месец е зад решетки, бидејќи во „Идризово“ влезе во 1 август 2019 година.
Извор: Фактор