Првиот човек на Владата, Зоран Заев, по повод Меѓунароодниот ден на мирот, упати честитка преку социјалната мрежа фејзбук, во која истакна дека овој ден го одбележуваме со повикот на Генералното собрание на Обединетите Нации да запре говорот на оружјето во сите делови на светот каде што има вооружени конфликти и овој ден да го посветиме на афирмацијата на идеалите за мир, за дијалог и помирување.
„Денеска Меѓународниот ден на мирот го одбележуваме со повикот на Генералното собрание на Обединетите Нации да запре говорот на оружјето во сите делови на светот каде што има вооружени конфликти и овој ден да го посветиме на афирмацијата на идеалите за мир, за дијалог и помирување.
Човештвото денес е исправено пред други битки. Борбата за целосно справување со пандемијата со КОВИД-19, или за спречување на нејзино проширување, е и битка за трансформацијата на светот во заедница на народи еднакви во користењето на ресурсите и придобивките на хуманоста. Инклузивен свет заснован на почитта кон секој поединец и кон секоја заедница.
Денес мирот се слави и со разобличување на дезинформациите и лажните вести, како и со и спротивставување на говорот на омраза и на делата предизвикани од омраза преку интернет и офлајн.
Мирот се слави и се негува низ дијалог, со сочувство, љубезност и надеж, и со тие вредности секој од нас треба да знае дека може да биде дел од решенијата за мир и помирување“- се вели во постот напишан на Фејсбук.