Здравствените власти известуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Досега вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани, од кои прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани.
55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина.
31% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.
„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста“-истакнуваат од МЗ.