ноември 22, 2024

Сарач: ДЗС веднаш да ги отстрани недостатоците, во спротивно ќе ги повикаме Турците на бојкот на пописот

Претседателот на Движењето за Национално Единство на Турците, Ердоган Сарач, на денешната прес-конференција истакна дека доколу ДЗС не ги отстрани недостатоците, ќе ги повикаат Турците на бојкот на пописот.

„Директорот на  ДЗС г-дин Апостол Симовски во врска со пописот вели дека „пописот успешно се одвива и дека нема никави проблеми”. Но, за жал ваквата констатација, на теренот особено за Турците во Македонија не е вистина. Имено се одвива со нерегуларности и притисоци од страна на попишувачите. Како прва голема забелешка денеска можам да истакнам дека Турците немаат можност да се попишат на својот мајчин турски јазик и покрај гаранциите во Законот за попис член 34. Имено таму се наведува дека апликациите ќе бидат на 7 јазици, меѓу кои и турскиот јазик. За жал многу домаќинстава се жалат дека немаат можност да се попишат на турски јазик и дека попишувачите  албанци и македонци многу дрско се однесуваат инсиситирајки за попис на македонски или албански јазик. Неколку такви попишувачи се одбиени во Гостивар и пабарано е да има попишувач Турчин кој ја познава материјата и процесот на апликацијата. До ден денеска таму попишувачи Турци не се јавени. На овој начин се крши законот. Иако законот гарантира еднаквост, за жал не се применува од страна на институцијата која е прва задолжена да го почитува законот.

Сарач истакна дека иако биле предвидени 157 попишувачи Турци, на терен активни биле само 85.

„Евидентно е дека недостасуваат попишувачи Турци. Согласно правилникот издадено од ДЗС за попишувачи Турци и реонски инструктори за пописните реони беше предвидено да има 157 попишувачи Турци а на терен денеска се активни само 85 или недостасува 72 попишувачи Турци. Од тука е и нервозата и недовербата кај Турците кога немаат можност да бидат попишувани од страна на попишувачи Турци во кои имаат потполна доверба за вистинитоста на дадените податоци. ДЗС мора да има во превид оваа бројка доколку не сака да има проблеми на теренот. Оправдана се сомневаме дека апликациите  на македонски и албански јазик, може да се злоупотребат и сомневањата за исправност и реалност се оправдани. На компјутерите ги нема прашањата на Турски јазик поточна компјутерите не даваат одговор т.е не регистрираат апликација на турски јазик. Имено недостасува програма за вклученост на тестовите на турски јазик.” – додаде тој.

Истакнувајќи дека како ДНЕТ објавиле  дека процентот на Турци во пописот одговара на 7% и дека ќе ги отфрлат резултатите од пописот ако не се отстранат недостатоците во пописот, Сарач рече: „Се согласуваме со изјавата дадена од Претседател на Националниот координативен одбор за попис, г -дин Хусрев Емин, и ние изјавуваме дека тоа го одразува нашиот заеднички став. Бидејќи нашата организација е таа што го покажа првиот став кон 7%, ние сме во состојба да ги објасниме причините. Веруваме дека податоците за пописот во посткомунистичките земји се глупост.“ – истакна Сарач.

Претседателот на ДНЕТ, Ердоган Сарач ги коментираше и состојбите во образованието.

„На 17.09.2021 година наставниците Турци од Гимназијата во Гостивар започнаа со бојкот на наставата и како причина наведоа дека и покрај задоволителниот број на запишани ученици наместо како што било досега да има 3 гимназиски паралелки на турски јазик сега има 2, што значи дека една паралелка на дискриминирачки начин е укината. Имено, кога ќе се споредат бројките на запишаните ученици Македонци кои ги има 19 во две паралелки, Албанци 102 во 7 паралелки и 54 ученици Турци во 2 паралелки јасно е дека се работи за дискриминација по етничка основа. Во минатата учебна 2020/2021 година имаше 51 ученик во 3 паралелки, а оваа година пријавени се 62 од кои примени се 54 што покажува раст за 3 ученика или 6%“.

Тој ги повика државниот секретар во владата и директорот за унапредување и развој на образованието на националните заедници да реагираат веднаш за ова.

„Ги повикуваме Државниот секретар во владата, г-дин Ѓонул Бајрактар и директорот за унапредување и развој на образованието на националните заедници г-дин Зекерија Хасипи најхитно да реагираат и веднаш да се одобри барањата на наставниците, во спротивно бидејќи се поставени за да бидат од полза првенствено на Турците во знак на морална одговорнаст дадат оставки од своите позиции. Од  МОН бараме веднаш да ја отстрани оваа дискриминирачка одлука и во разумен рок да отпочне со работа и 3-та паралелка на турски јазик во Гостивар. На тој начин нема да се загрозат и правата и работните места на многу наставници. Доколку не бидат превземени мерки да се исправи оваа грешка, како ДНЕТ ќе превземеме мерки за општа мобилизација и прекин на наставата секаде каде има Турци во знак на солидарност со гостиварските наставници, родители и ученици. Воедно ве известуваме дека безусловно ги подржуваме бојкотот во Гостивар и ќе ги искористиме сите демократски и правни средства за заштита на стекнатао право во исполнети услови.“ – рече Сарач.

Претседателот на ДНЕТ, Сарач, наиде и на забелешки за патните исправи.

„Согласно договорот од Преспа кој договор како партија не одобривме и остануваме доследни за штетноста на овој договор за сите во Македонија. Имено врз основа на многуте изјави и на Премиерот  Заев дека во рубриката државјанство на патните исправи ќе биде запишано „македонско„. Но за нас Турците оваа рубрика е повод за големо незадоволство и обид на властите со методи кои се  примерни само на режимите ни кројат друга национална припадност. Имено за македонците во рубриката државјанство стои „македонско„, за албанците стои „на Македонија„ а за жал за Турците стои „македонец„. Оваа покажува дека министерот за внатрешни работи на Македонија после 109 години се обидува на административен начин на нас Турците да ни промени националната припадност. Во консултација со сите турколози, филолози, лингвисти овој превод е скандал и воопшто не одговара на поимот „македонско„ во турскиот јазик и литература. Во согласност како е дефинирано за Македонците и Албанците потребно е место зборот„makedon’’ да  стои ‘’makedonyalı’’. Поимот,терминот, именката  ‘’MAKEDON’’ на турски јазик означува припадност на нација. От тука се гледа дека грешката е голема. Ние сме Турци и заради патна исправа во никој случај нема да го менуваме националниот идентитет. Исто така Скопје за нас Турците отсекогаш било ÜSKÜP и поради тоа треба да се одслика топографското име на турски јазик за припадниците на Турската нација во земјата. Ова е груба и провакативна грешка на властите и бараме веднаш да се прекине со дистрибуирање на ваков пасош и грешката најхитно да се исправи. Доколку во разумен рок не се исправи оваа флагрантна грешка ќе организираме протести во сите градови во земјата пред подрачните единици на МВР и ќе бараме оставка на министерот Спасовски од причини што директно ги крши нашите темелни права и слободи во однос на националната припадност и се обидува да изврши асимилација со административни методи.“ – подвлече тој.

Read Previous

Ердоган Сарач: Не сме задоволни од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Read Next

Ревакцинирани се вкупно 690.806 граѓани