Претседателот на Движењето за Национално Единство на Турците, Ердоган Сарач, на денешната прес-конференција за медиумите истакна дека не се задоволни од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
„ДНЕТ како опозициона партија е дел од големата опозиција на чело со ВМРО-ДПМНЕ или опозицијата за Обнова на Македонија. Со ВМРО-ДПМНЕ како опозиција имавме одлична соработка и разбирање. Од одговорот на нашата понуда за настап на локалните избори 2021 како најлојален партнер не сме задоволни и во последен момент одлучивме во неколку општини да настапиме одвоено од коалицијата. Ние предлагавме зеднички листи секаде во земјата поради збир на вкупните гласови но се разбира дека тоа во овој момент не било прифатливо. Доколку бевме известени благовремено за конечниот распоред за заедничките настапи веројатно и технички и теренски бевме подготвени да настапиме на многу места со оправадни очекувања за успех за членови на Советите на општините. На овие избори заеднички листи со ВМРО-ДПМНЕ како добитни позиции имаме во општините Василево и Радовиш.” – истакна Сарач.
Тој додаде дека ДНЕТ самостојно ќе настапат со кандидат за градоначалник за општина Центар Жупа а со кандидати за Совет на општини ќе учествуваат во Центар Жупа, Гостивар, Долнени, Чаир и Бутел.
Сарач додаде дека и покрај се, максимално ќе ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со ВМРО-ДПМНЕ постигнат е договор за зеднички настап за општините Валандово,Демир Капија, Ресен и Дебар за гарантни места во листите за совет на горе споменатите општини, поради самоволниот настап на општинските центри на коалициониот партнер во минута до 12 нашите предложени кандидати се симнати од листите. Исто така поради несоодветни места на листите за Совет на општините за Кичево и Штип се повлечени нашите претставници. И покрај незадоволството од распоредот на силите во листите, ДНЕТ максимално ќе ги подржи сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и одлучно и безрезервно ќе учествува во сите активности за соборување на режимот на чело со Заев.” – рече Сарач.