Бурса беше избрана за „Културна престолнина на турскиот свет во 2022 година“ на 38-от состанок на Постојаниот совет на министрите за култура на ТУРКСОЈ.
Со одлука донесена 38-от состанок на Постојаниот совет на министри за култура на ТУРКСОЈ што се одржа во Хива, Узбекистан, Бурса беше прогласена за „Културна престолнина на турскиот свет во 2022 година“.
Во излагањето на состанокот, министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој предложи Бурса да биде културна престолнина на турскиот свет следната година за што рече: „Како културна престолнина на турскиот свет во 2022 година, која претходно служеше како главен град на османлиската држава, со нејзината историска и архитектонска текстура која воодушевува, и со нејзиното зеленило и природни убавини кого никого не остагва рамнодушен, сакам со големо задоволство да ја објавам кандидатурата на нашата фасцинантна Бурса да биде културнна престолнина на турскиот свет во 2022 година.“ рече тој.
На состанокот, постојаните членови на советот го прифатија предлогот на Турција и одлучија Бурса да се прогласи за турска светска престолнина на културата во 2022 година.
Со друга одлука пак донесена на состанокот, 2022 година беше прогласена за година на одбележување на киргистанскиот уметник Токтоболот Абдумомунов и азербејџанскиот композитор Фикрет Амиров, чиј 100. роденден ќе се слави следната година, како и одбележување на 600 годишнината од смртта на турскиот мистик Сулејман Челеби што се навршува во 2022 година.