ноември 22, 2024

Турците се спремаат за бојкот на пописот

Турската заедница, нема да признае помала бројка од 7% на нејзините припадници по завршуваше на пописот и објавувањето на резултатите, кажа во денешното издание на емисијата Стадион, посветена на пописот, Емин Хусрев од координативното тело за попис на Турците.

„Според анализите направени во март годинава и кои што се базираат на сознанија од терен, анализи, анкети направени од невладини организации, според избирачкиот список и анализите на Светска банка, анализи на ДЗС во врска со процентот на наталитетот на Турците, ние како заедница тогаш усвоивме декларација во која меѓу другото потенциравме дека нашата зеедница не може да биде помалку од 7 % и не признаваме бројка помала од овој процент, рече во емисијата Стадион, Хусрев.

Во емисијата Хусрев укажа и на неколку други забелешки за текот на пописот, како што е апликацијата која што е на турски, но одговорите се на македонски јазик. Тоа според него влевало сомнеж кај турската заедница дека резултатите ќе бидат релевантни. Реагираше и на бројот на попишувачи. Требало да има 206 попишувачи, задолжени за попишување на турската заедница. Во моментот фалеле 73 попишувачи. Како претставник на координативното тело за попис на Турците, Хусрев изјави доколку надлежните не ги отстранат тие недостатоци, можно е и да го бојкотираат натамошниот тек на пописот.

Read Previous

Генерал Ѓурчиновски на состанок на Воениот комитет на НАТО во Атина

Read Next

Бурса е избрана за „Културна престолнина на турскиот свет во 2022 година“