октомври 10, 2024

Поради недостиг од чипови „Џенерал Моторс” затвора привремено осум од 15 фабрики

„Џенерал Моторс” привремено ќе затвори осум од 15 северноамерикански фабрики за седмица, почнувајќи од понеделник, поради влошениот глобален недостаток на микрочипови.

Пандемијата со коронавирусот и други катастрофи ги нарушија синџирите на снабдување со полупроводници, што се клучни за илјадници компјутерски контролирани системи во новите возила.

Недостатигот принуди GM да ги премести чиповите што ги има во мал број фабрики што произведуваат најпопуларни и најпрофитабилни возила на компанијата, како што се џиповите (SUV) и пикапите, јави Си -Ен -Ен.

Недостигот на чипови предизвика повисоки цени што ја поттикнуваат инфлацијата, јави Аксиос.

Сепак, се чини дека на повидок е олеснување за производителите на автомобили и другите производители што бараат полупроводници, бидејќи производителите на чипови го зголемуваат производството за да ја задоволат побарувачката. зш/

Детроит, 4 септември 2021 (МИА)

Read Previous

Починаа тројца пациенти во штипската модуларна болница

Read Next

Во Северна Македонија се регистрирани 150.141 невработени лица