November 18, 2026

Нова обврска за возачите: 100 евра казна ако не ја пријавите промената на бројот во рок од 3 дена

Сопствениците на возила во Македонија може да бидат казнети со 100 евра доколку не ја пријават промената на телефонскиот број или електронската адреса во рок од три дена. Ова е една од обврските предвидени во предложените измени на Законот за возила.

Според предлогот, промената треба да се пријави во овластена станица за технички преглед.

Измените предвидуваат и поставување електронски налепници на возилата, преку кои полицијата ќе може да ја проверува важноста на регистрацијата, осигурувањето и техничкиот преглед.

За отстранување, оштетување или префрлање на налепницата на друго возило е предвидена казна од 500 евра.

Сепак, измените сè уште се во собраниска процедура и не стапиле во сила.

Read Previous

Уставните судови на шест балкански земји ја усвоија Охридската декларација

Read Next

Македонија за 44 години ќе има помалку жители и поинаква религиозна структура, предвидува истражување