November 18, 2026

Македонија за 44 години ќе има помалку жители и поинаква религиозна структура, предвидува истражување

Ова го покажува новата демографска проекција на Pew Research Center, американски независен и непартиски истражувачки центар кој анализира јавни ставови, демографски трендови и општествени промени во светот.

Според проекцијата, населението на Македонија од околу 1,87 милиони жители во 2020 година би се намалило на приближно 1,09 милиони до 2070 година.

Истражувањето предвидува и промени во религиозната структура. Во 2020 година, 64,7 проценти од населението во Македонија било христијанско, додека 34,7 проценти биле муслимани. Околу 0,5 проценти од населението било без религиозна припадност.

Според проекцијата за 2070 година, уделот на христијаните би се намалил на 53,4 проценти, додека процентот на муслиманите би се зголемил на 45,8 проценти. Уделот на населението без религиозна припадност би изнесувал 0,7 проценти.

Pew Research Center е независна, непрофитна и непартиска истражувачка организација со седиште во Вашингтон. Центарот објавува анализи и истражувања за политиката, економијата, религијата, демографијата, технологијата и општествените трендови, а неговите истражувања се користат ширум светот.

Проекциите за 2070 година се засноваат на демографски фактори како наталитетот, смртноста, миграцијата и религиозната припадност и претставуваат можни сценарија за иднината, а не сигурни предвидувања.

Read Previous

Нова обврска за возачите: 100 евра казна ако не ја пријавите промената на бројот во рок од 3 дена