October 10, 2026

Нема подолги задржувања на граничните премини во земјава

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, претежно по суви коловози.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните средини е умерен. Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна при влез и излез од земјава.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата што минуваат низ долини, речни долини и клисури, каде што постои можност од свлечишта.

Read Previous

Преспанскиот Регион ќе стане симбол на новата соработка меѓу Северна Македонија, Грција и Албанија

Read Next

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија