October 6, 2026

По 11 години: Охрид конечно ќе го добие долгоочекуваниот затворен базен

По речиси 11 години од почетокот на изградбата, Охрид конечно ќе го добие долгоочекуваниот затворен базен.

Владата на денешната седница ја усвои одлуката со која се овозможува продолжување и завршување на проектот, соопшти Министерството за спорт.

За целосно завршување на објектот се обезбедени 470 милиони денари. Од Министерството велат дека со ова се надминува долгогодишниот застој на еден од најзначајните проекти за спортската инфраструктура во Охрид.

По преземањето на надлежностите, била направена детална анализа и ревизија на проектот, со цел да се утврдат техничките, финансиските и административните пречки поради кои базенот не бил завршен.

По ревизијата биле преземени мерки за надминување на проблемите, меѓу кои и измена на основниот проект, со што се создаваат услови за продолжување на градежните работи.

Од Министерството за спорт оценуваат дека затворениот базен ќе биде значајна инвестиција за Охрид и за развојот на пливачките спортови во земјава, бидејќи ќе обезбеди современи услови за тренинг, развој на младите категории и организирање натпревари.

Read Previous

Се очекува во текот на месецов да бидат обезбедени вакцините против грип, велат од Здравство

Read Next

Поставувањето на цевките за гасната интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија започнува следната недела