September 28, 2026

Почина уште еден пациент со западнонилска треска, десетти смртен случај во Северна Македонија

Бројот на смртни случаи од западнонилска треска се искачи на 10 во земјата, откако почина 70-годишен пациент.

Директорот на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана, информираше за состојбата со западнонилска треска во земјата.

Цана посочи дека починатиот 57 дена бил на Одделот за интензивна нега на клиниката, но и покрај сите преземени мерки и постапки, во текот на викендот починал.

„Има само еден нов потврден прием од 25 септември. Инаку, вкупно на клиниката се хоспитализирани седум пациенти, од кои двајца со потешка клиничка слика“, рече тој.

Тој додаде дека досега вкупно 67 случаи со невроинвазивна форма на болеста се хоспитализирани на клиниката, од кои 10 се починати, 50 се излекувани, а седум во моментот се во оваа јавна здравствена установа.

Read Previous

Сиљановска-Давкова од Салцбург: Проширувањето на ЕУ е тест за нејзиниот капацитет да дејствува стратегиски

Read Next

По над две децении чекање: Гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово се очекува да биде отворена во 2027 година