September 23, 2026

Делегацијата предводена од премиерот Мицкоски ќе учествува на средбата на лидерите на ЕУ со земјите од Западен Балкан во Њујорк

Делегацијата на Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која учествува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, денеска се очекува да присуствува на средбата на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан.

Со средбата претседава високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Во пресрет на средбата, премиерот Мицкоски повика на вклучување на претставници на ЕУ, со цел подобрување на дијалогот за разликите со Бугарија.

Премиерот Мицкоски, исто така, информираше дека од ЕУ пристигнуваат позитивни сигнали, особено по самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Тиват, каде што Германија и Франција излегоа со иницијатива за реформи во процесот на проширување.

Read Previous

Македонија меѓу земјите со висока потрошувачка на тутун – 22,5% од лицата над 16 години консумираат тутун