September 17, 2026

За еден месец, македонската полиција запленила 97 мотоцикли

Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и мотоциклисти во текот на август резултирале со илјадници констатирани прекршоци низ целата земја.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на контролите биле евидентирани вкупно 1.875 прекршоци, од кои најголем број, односно 503, биле регистрирани во Скопје.

Најчестиот прекршок бил неносење заштитна кацига, при што биле констатирани вкупно 1.563 случаи.

Во рамки на преземените мерки, против 116 возачи биле поднесени кривични пријави, додека полицијата запленила 97 мотоцикли.

Покрај прекршоците поврзани со велосипедите, мопедите и мотоциклите, во текот на контролите биле констатирани и 3.259 други сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат низ целата земја, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Read Previous

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во северна Грција

Read Next

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје