September 17, 2026

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје

Во Народната канцеларија во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средби со граѓани кои пројавиле интерес директно да споделат со неа и со Кабинетот лични проблеми, но и успеси, да изразат критички поглед кон определени појави, институции и односи, но и пофалба и поддршка, да презентираат идеи и иницијативи за решавање на воочените институционални недоследности и аномалии, или за доградба и усовршување на добрите состојби.

Дел од посетителите ѝ укажаа на тешкотиите и неправдите при обидите за вработување, за примерите на потценување на стручноста и компетентноста и преценување на фамилијарната, политичката и партиската припадност, други, на соочување со занемарување на посебните потреби на лицата со попреченост и недоволната грижа за нив, како и за нивна исклученост од процесите на одлучување, трети, на честата незаинтересираност на државната и локалните власти за користење на нивното докажано знаење надвор.

Сиљановска-Давкова, откако со своите соработници ги ислуша граѓаните, го поздрави нивното доаѓање, ги запозна со претседателските надлежности, како и со улогата на нејзиниот Кабинет во информирањето на надлежните органи за добиените предлози, идеи и иницијативи, како и во доставувањето на граѓанските претставки до нив.

Таа, исто така ги сподели своите ставови и видувања за поставените прашања и можните решенија на истите.

На крајот, таа и членовите на Кабинетот им ја предочија отвореноста и достапноста на Народната канцеларија за свикување поширока дебата за проблемите и прашањата што ги засегаат.

Read Previous

За еден месец, македонската полиција запленила 97 мотоцикли