September 17, 2026

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во северна Грција

Во близина на градот Кожани во северна Грција, на локацијата на рудници за лигнит, ќе биде изграден еден од најголемите центри за податоци во Европа.

Инвестицијата ја планира грчката национална компанија за електрична енергија ДЕИ, а нејзината вредност се проценува на 5,8 милијарди евра. Целта е рударењето лигнит да се замени со технолошки центар и производство на чиста енергија.

За време на посетата на регионот во минатиот месец, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека таму ќе се создадат повеќе и подобро платени работни места, ветувајќи дека владата ќе ги „мобилизира сите расположиви европски ресурси“ за да го поддржи тој регион во оваа „тешка транзиција“.

Компанијата планира да изгради центар за податоци од 300 мегавати во Кожани до крајот на 2028 година, паралелно со изградбата на проекти за зелена енергија во областа. До 2031 година, капацитетот би можел да порасне на еден гигават.

Read Previous

Царинска управа воведе во употреба телесни камери на граничните премини Табановце, Ќафасан и Блаце