November 2, 2026

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика пред Радичевски

Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ) е победник на предвремените избори за градоначалник на Брвеница, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија.

Јахији освоил 4.442 гласа, односно 50,36 отсто, додека Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, добил 4.177 гласа или 47,36 отсто.

На изборите гласале 8.820 граѓани, односно 54,29 отсто од запишаните избирачи. Регистрирани се 201 неважечко ливче.

Од ДИК информираат дека гласањето поминало мирно, а трите поднесени приговори за заштита на избирачкото право биле усвоени.

Рокот за поднесување приговори за гласањето истекува на 3 ноември во 19 часот, по што следува постапката за утврдување на конечните резултати.

Read Previous

Клековски и Мемишоглу потпишаа Меморандум за соработка во здравството меѓу Македонија и Турција