На ден 25/26.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 3 се активни, 4 се под контрола, а 24 се изгаснати, информираат од ЦУК.
Активни пожари – 3:
Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума;
Општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново (Општина Гостивар) кон селата Битово и Заград (Општина Македонски Брод), нискостеблеста шума, ниска вегетација и папрат;
Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, смреки.
Пожари под контрола – 4:
Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума;
Општина Македонски Брод – помеѓу резерватот „Јасен“ и с. Брезница, ниска вегетација и борова шума;
Општина Кавадарци – градска депонија „Мелци“, ѓубре;
Општина Делчево – депонија, ѓубре.
Изгаснати пожари – 24:
Општина Сарај – с. Чајлане, ѓубре;
Општина Сарај – с. Арнакија, шума;
Општина Гази Баба – с. Страчинци, ниска вегетација;
Општина Чучер-Сандево – с. Кучевишка Бара, ѓубре;
Општина Арачиново – с. Арачиново, депонија;
Општина Петровец – с. Огњанци, ѓубре;
Општина Петровец – с. Петровец – с. Огњанци, трска и ниска вегетација;
Општина Илинден – с. Миладиновци, ниска вегетација и дрвени прагови од пруга;
Општина Прилеп – с. Големо Коњаре, ниска вегетација;
Општина Струмица – с. Куклиш, депонија;
Општина Кичево – с. Зајас, стрниште;
Општина Кичево – с. Србјани, стрниште;
Општина Кичево – с. Зајас, Аловци, стрниште и ниска вегетација;
Општина Струга – с. Ложани, ниска вегетација;
Општините Градско и Чашка – с. Долно Чичево – с. Подлес (Општина Градско) кон с. Крајници (Општина Чашка), стрниште и ниска вегетација;
Општина Чашка – с. Смиловци, ниска вегетација;
Општина Виница – позади салонот „Мебел Ви“, ниска вегетација;
Општина Делчево – с. Црквенец, борова шума;
Општина Пробиштип – с. Дренак, ниска вегетација и грмушки;
Општина Куманово – с. Пчиња, стрниште;
Општина Куманово – с. Љубодраг, стрниште;
Општина Теарце – с. Пршовце, меѓа и ниска вегетација;
Општина Гостивар – с. Турчане, ѓубре;
Општина Гостивар – населба Фазанарија, ѓубре.

