August 6, 2026

Загрижувачкo намалување на бројот на ученици: Околу 3.000 првачиња помалку ќе тргнат на училиште во септември

Министерката за образование и наука Весна Јаневска посочи дека во учебната 2026/2027 година се очекува да има најмалку 3.000 првачиња помалку во споредба со минатата година, оценувајќи дека трендот на намалување на бројот на ученици е загрижувачки.

На прес-конференција, на која беа презентирани резултатите од државната матура, Јаневска рече дека во моментов бројот на запишани првачиња е за околу 4.900 помал од лани, но очекува дел од децата дополнително да се запишат во наредниот период.

„Во овој момент бројката е 4.900 првачиња помалку од лани. Но, ќе се дозапишуваат и во овој период. Бројката ќе стигне најмногу до 3.000. Значи, сигурно ќе имаме 3.000 првачиња помалку од лани“, изјави Јаневска.

Read Previous

Во Грција по море пристигнале 34 отсто помалку мигранти, Владата тврди дека стратегијата дава резултати

Read Next

Муцунски: Заслужуваме праведен, предвидлив и кредибилен пат кон членство во ЕУ