Бројот на мигранти кои по морски пат пристигнуваат во Грција се намалил за 34 отсто во првата половина од 2026 година во споредба со истиот период минатата година. Податоците ги објави грчкиот министер за поморство Василис Кикилијас на социјалната мрежа „X“. Од почетокот на годината се евидентирани 15.389 пристигнувања, додека во првите шест месеци од 2025 година беа забележани 23.243 пристигнувања, пишува „Еуроњуз“.
Статистиката покажува значителни разлики во зависност од рутата. Најголем пад е забележан кај мигрантските текови од Турција, кои паднале за 59 отсто, додека пристигнувањата од Либија покажале помал пад од околу 4 отсто.

