May 27, 2026

Внимавајте како ќе се облечете ако одите во МВР – Воведен е кодекс

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи.

– Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории (за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги) да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции, порачаа од МВР. 

Истовремено, од министерството напоменуваат дека и сите вработени во Одделот се задолжени доследно треба да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување наменет за вработените во Министерството. 

Read Previous

Официјално со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна теоретска обука