На територијата на Општина Росоман започна поставувањето на безбедносни камери со цел зголемување на јавната безбедност и подобрување на контрола во сообраќајот.
Проектот го реализира Министерството за внатрешни работи, а со неговата имплементација се очекува поголема сигурност во јавниот простор и ефикасно следење на сообраќајот.
Од локалните власти истакнуваат дека поставувањето на камерите е дел од пошироките напори за создавање побезбедна и поуредена општина, со фокус на заштита на граѓаните и превенција на инциденти.
Со оваа иницијатива, жителите на Росоман ќе имаат можност да се чувствуваат посигурни при движење низ јавните површини, а институциите ќе можат побрзо и поефикасно да реагираат при евентуални прекршоци или инциденти.

