Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска‑Давкова, со официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Пречекот беше организиран во Вила „Водно“ во главниот град Скопје.
По приемот следуваат тет-а-тет средба и пленарен состанок на делегациите.
Во рамките на посетата ќе се потпише и Меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.
По состаноците, Сиљановска-Давкова и Милатовиќ ќе организираат заедничка прес-конференција.
Во рамките на својата посета Милатовиќ ќе има и обраќање во Собранието на Северна Македонија во рамки на 96-тата седница.
