March 21, 2026

Спасувачка акција кај Цареви Кули: Извлечена повредена девојка

Пад на женско лице во провалија под Цареви Кули утрово предизвикал итна реакција на струмичките пожарникари, кои спровеле сложена спасувачка акција на локалитетот „Црвен Дол“.

Според информациите објавени на Фејсбук страницата на ТППЕ Струмица, интервенцијата се одвивала на исклучително тежок и непристапен терен. Во акцијата учествувале шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила.

„Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на повреденото лице. По успешно спроведената акција, лицето беше извлечено и предадено на екипа на Итна медицинска помош“, информираат од Пожарникари – Струмица.

На местото на настанот присутни биле и екипи на МВР Струмица.

TV21

Read Previous

Уапсениот Анакиев барал 100.000 евра мито, парите ги криел под возачко седиште

Read Next

Во Америка е фатен Босанец обвинет за воени злосторства од 1992 година