Одлуката на Народната банка за воведување администрација во АЛТА банка АД Битола доби и официјално внимание на Македонската берза. Одборот на директори на Берзата донесе заклучок банката да биде внесена на „Листата за набљудување“, со цел инвеститорите да бидат информирани за состојбата во друштвото.
Од Македонската берза соопштија дека одлуката е донесена согласно член 61-а од Правилата за котација, а информацијата ќе биде објавена на официјалната веб-страница на институцијата.
Како причина за ставањето на листата се наведува решението на Народната банка на Република Северна Македонија со кое се воведува администрација во АЛТА банка АД Битола.
Од Берзата посочуваат дека ваквиот чекор има за цел да го привлече вниманието на инвеститорската јавност кон состојбата во банката.

