February 25, 2026

Вчера регистрирани вкупно 526 прекршоци – за првпат не е регистриран ниту еден за минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички.

За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.

Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи.




TV21

Read Previous

Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид

Read Next

Вучиќ го предупредува Соренсен за новиот Закон за странци, нарекувајќи го „ескалаторна“ мерка од Приштина