February 23, 2026

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово, полицијата изврши проверки

Во неколку основни и средни училишта во Скопје и Тетово денеска биле пријавени наводно поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било констатирано дека станува збор за лажни дојави.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека веднаш по приемот на пријавите биле активирани протоколите за постапување во вакви случаи, по што полициски екипи излегле на терен и спровеле детални проверки.

„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштуваат од МВР.

Надлежните институции продолжуваат со активности за расчистување на случаите и идентификување на лицата што стојат зад пријавите.

Read Previous

Северна Македонија ги повика своите државјани да го напуштат Мексико