February 12, 2026

Во декември 2025, Северна Македонија ја посетиле најмногу туристи од Турција

Во декември 2025, Северна Македонија ја посетиле најмногу туристи од Турција.

Државниот завод за статистика ги објави последните бројки во врска со туризмот во земјата.

Според соопштението, во декември 2025 година 59.521 турист оствариле 112.001 ноќевање, додека од вкупниот број туристи, 36,7 отсто се домашни, а 63,3 отсто се странски туристи.

Во бројот на ноќевањата 42,4 отсто се домашни туристи, а 57,6 отсто странски туристи.

Заводот за статистика во соопштението објави и бројки за периодот јануари-декември 2025 година.

Според тоа, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број туристи е зголемен за 6 отсто, односно кај домашните туристи има намалување за 2,2 отсто, а кај странските има зголемување за 10,3 отсто.

Во рангирањето на земјите од кои дошле најмногу странски туристи во декември 2025 година, туристите од Турција се на врвот со 7.303 туристи. Потоа доаѓаат тие од Бугарија со 5.214, Србија 4.736 и Грција 3.438.

Read Previous

Концерт на Рита Ора во Охрид

Read Next

Фудбалската репрезентација на Македонија денес ќе ги дознае ривалите во Лигата на нации