February 12, 2026

Фудбалската репрезентација на Македонија денес ќе ги дознае ривалите во Лигата на нации

Попладнево од 18:00 часот ќе бидат извлечени групите за Лига на нации сезона 2026/7. Македонската репрезентација се наоѓа во четвртиот шешир сегмент -Б заедно со репрезентациите на Шведска, Северна Ирска и Косово, против кои не можеме да се падне.

Потенцијали ривали на „црвено-жолтите“ се:

Прв шешир: Шкотска, Унгарија, Полска и Израел.

Втор шешир: Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина.

Трет шешир: Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија.

Шесте кола ќе се играат од септември до ноември 2026 година, додека четвртфиналињата, плејофот и финалните турнири ќе се играат во март и јуни 2027 година.

Read Previous

Во декември 2025, Северна Македонија ја посетиле најмногу туристи од Турција

Read Next

„Загриженост од монополизација и академска елиминација во високото образование“: Остра реакција на нацрт-законот