January 9, 2026

Едно лице се удави во поплавите во Албанија

Едно лице се удави во поплавите што го погодија Драч, Албанија, а во неколку области на Албанија е прогласена вонредна состојба поради обилни врнежи од дожд и поплави што ги зафатија земјоделските површини, патиштата и куќите. Властите веднаш презедоа мерки за евакуација на жителите и справување со ситуацијата, објавува „Албаниан пост“.

Едно лице се удавило во областа Плепава, во градот Драч, и се верува дека тоа е првата жртва на врнежите од дожд во земјата.

Албанското Министерство за одбрана и Агенцијата за цивилна заштита објавија дека поради ризикот од поплави, жителите на административната единица Новосела, во општина Валона, ќе бидат веднаш евакуирани и сместени во привремени објекти.

Како што е наведено, најпроблематична е ситуацијата во регионите Скадар, Лежа, Валона, Драч, Фиера, Берат и Ѓирокастро.

Во Скадар, нивото на водата во селото Обот се искачи за околу 60 сантиметри над главниот пат, а околу 15 куќи се опкружени со вода, патиштата се блокирани во Малише и Велики Поле, каде што се регистрирани и лизгање на земјиштето и свлечишта.

Read Previous

Бројот на заболени во Македонија расте – регистрирани 1.725 за една недела

Read Next

Можно е да се одложи почетокот на второто полугодие