Православните христијани во Северна Македонија денеска го одбележуваат Бадник, денот пред Божиќ.
Централната манифестација се одржа во соборниот храм на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Таа започна со бадниковата химна и кревање на бадниковото знаме.
Архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, во своето обраќање им го честита празникот на верниците.
Во соборниот храм присуствуваа бројни граѓани, кои се помолија и запалија свеќи, додека свештениците извршија осветување на бадниковите гранчиња.
По осветувањето, бадниковите гранчиња им беа поделени на верниците. Исто така беше скршена и бадниковата погача со паричка во неа.
На бадниковата ноќ во огнот се става бадниково гранче, кое се смета за здраво дрво, со верување дека ќе донесе здравје на сите членови на семејството.
Повеќето православни цркви во светот го користат Јулијанскиот календар, востановен за време на владеењето на Јулиј Цезар во 45 година пр.н.е., и не го прифатиле Грегоријанскиот календар, кој е воведен во 1582 година од папата Григориј.
Разликата меѓу двата календара изнесува 13 дена, поради што православните христијани Божиќ го празнуваат на 7 јануари, а не на 25 декември.


