December 31, 2025

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата

Лука и Хана се најчесто даваните имиња за новороденчињата во Македонија во 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени во публикацијата „Северна Македонија во бројки 2025“.

Меѓу машките бебиња, покрај Лука, најпопуларни се Дамјан, Матеј, Марко и Михаил, додека кај девојчињата, освен Хана, најчесто се избирале Јана, Софија, Ана и Миа.

Во текот на 2024 година во земјава се родени вкупно 16.061 дете, од кои 8.277 машки и 7.784 женски. Податоците укажуваат дека родителите и понатаму комбинираат традиционални и модерни имиња, со сè поголем избор на кратки и звучни имиња.

TV21

Read Previous

Земјите од регионот во 2025 година: политички кризи, избори и пат кон членство во ЕУ