За околу 250 илјади ученици во основните и средните училишта денеска започнува зимскиот распуст. Во училишните клупи се враќаат на 20 јануари 2026, со почетокот на второто полугодие.
Во продолжението на учебната 2025/2026 година ќе продолжат активностите за оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменска настава, која досега е реализирана во околу 200 училишта.
Матурантите во јуни ќе полагаат државна матура по нов концепт, а наставниците во март се очекува да добијат зголемување на платите од 7,5 до 10 проценти.


