December 19, 2025

Претседателката Давкова, го прими претседателот на ТИКА, Абдуллах Ерен

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, го прими претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Абдулах Ерен.

Претседателот на ТИКА, Абдулах Ерен, во врска со средбата преку својот профил на социјалните мрежи ги сподели следните изјави:

Во бисерот на Румелија, Скопје, каде што со векови се негуваат историските, културните и духовните врски, беше остварена посета на претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска.

За време на средбата беа разгледани развојно ориентираните форми на соработка меѓу двете земји, во духот на заемно разбирање и заедничка визија за иднината.

Изразеното задоволство од страна на претседателката Сиљановска за активностите на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Северна Македонија беше оценето како јасен показател за довербата и блискоста кон Република Турција и турскиот народ.

За укажаниот прием, искреното гостопримство и блиското внимание беше упатена благодарност до претседателката Сиљановска.

Read Previous

Дискотеките по закон ќе можат да добиат лиценца и без проверка на противпожарните стандарди

Read Next

Албанија: Наставниците на протест за „деполитизација на образованието“