Турскиот амбасадор во Скопје, Фатих Улусој, оствари учтивостна посета кај градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот профил на социјалните мрежи објави соопштение во кое истакна:
„Денес одржав работна средба со делегацијата на Република Турција во Македонија, предводена од амбасадорот Фатих Улусој.
Во делегацијата беа присутни и трговскиот советник на Амбасадата на Република Турција, Синан Танриоген, третата секретарка Ирем Нур Тајшер, заменик-координаторот на канцеларијата на ТИКА во Скопје, Догукaн Канан, претставникот на Турскиот културен центар на Институтот „Јунус Емре“ во Македонија, Бекир Ибиш, како и претставникот на Фондацијата „Мариф“ во Македонија и координатор на меѓународните училишта, Осман Демиргул.
Го информирав амбасадорот Улусој за програмата и визијата што ја подготвивме за модерно, паметно и современо Скопје, како и за нашата јасна решеност за забрзан развој на градот.
Заедно ја потенциравме долгогодишната соработка и традиционално добрите односи меѓу двете земји.
Разговаравме за тековните активности на Град Скопје и можностите за понатамошно унапредување на партнерството, особено во областа на урбаниот развој, инфраструктурните проекти, културната размена и соработката со бизнис заедницата.
Исто така, посебен акцент ставивме на потенцијалните иницијативи што би донеле конкретни придобивки за скопјани и на размената на добри практики во локалното управување.
Ја изразив решеноста на Град Скопје за продлабочување на односите со Република Турција, а амбасадорот Улусој ја истакна континуираната поддршка што Турција ја дава за развојните процеси на нашиот град.
На крај, заеднички го потврдивме постојниот потенцијал за нови иницијативи и активности што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот на скопјани и за уште посилно унапредување на меѓусебната соработка.


