November 21, 2025

Мицкоски учествува на Самитот „Нашиот пат кон ЕУ“ во Тирана

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Албанија. Како што напиша премиерот, овој собир претставува значајна прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија.

„Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, кои се клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан“, порача Мицкоски.

Самитот во Тирана се смета за платформа за размена на искуства, јакнење на соработката и координирање на заеднички политики на патот кон ЕУ, со цел унапредување на економската, политичката и безбедносната стабилност во регионот.






TV21

Read Previous

Студентските ваучери стартуваа, процесот се одвива брзо и без проблеми, трговците спремни но и залихите се трошат брзо