November 15, 2025

Дечиња ја следеа церемонијата на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова информираше дека заедно со децата од градинките „Весели цветови“ и „Срничка“ од Скопје, учениците од скопските основни училишта „Кузман Шапкарев“ и „Кузман Јосифовски Питу“ и децата и претставниците на Здружението за образование и истражување „Несил“ ја проследиле свечената церемонија на менување на државното знаме.

„Младите посетители покажаа интерес за мојата работа, ме прашаа: Какво е чувството да се биде првата жена претседателка на државава? Дали е потешко да се биде претседателка или професорка? Како тече еден мој работен ден? Љубопитните гости пројавија желба да ги дознаат моите лични афинитети, како и интересните спомени од младоста, истакна претседателката во својата Фејсбук објава.

Сиљановска Давкова додаде и дека ги охрабрила децата да го ценат знаењето и да учат, оти тоа им носи самодоверба и успех.

Read Previous

Скопје ќе добие новогодишно украсување и организирана прослава во вредност од 70.000 евра

Read Next

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата