December 20, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2025 година.

Амбасадорот Рокас ги нотираше главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени.

Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и судството, истакнувајќи ја потребата од максимални напори за реформи во овие области.

На средбата беа поздравени позитивните резултати во рамките на Планот за раст, реформата на јавната администрација, како и успесите во Кластерите 3,4,5 и 6.

Сиљановска-Давкова имаше забелешки на дел од констатациите во Извештајот коишто се однесуваат на Кластерот 1. Таа, исто така, укажа на потребата евалуацијата да биде заснована врз Копенхагенските критериуми, а не врз политичките услови со коишто се соочуваме две децении.

За амбасадорот Рокас, сегашниот момент е најдобриот за храбри и одлучни чекори во реформите, заради отворено изразената волја на лидерите на ЕУ за поддршка и помош на македонската евроинтеграција.

Read Previous

Евроамбасадорот Рокас во Собранието го презентираше Извештајот на ЕК за Северна Македонија

Read Next

Најмалку 11 загинати во пожар во Дом за пензионери во Тузла, БиХ