Советникот на Турската демократска партија (ТДП) во Општина Чаир, Саит Алеиви, го доби својето уверение.
Советникот на ТДП, Саит Алеиви, преку објава на својата страница на социјалните мрежи изјави:
„Општинската изборна комисија на Чаир денес ни го врачи документот за избран член на Општинскиот совет.
Особено сме среќни што нашето барање, покрај македонскиот и албанскиот јазик, и турскиот јазик да биде вклучен во документот, беше прифатено.
Ова уште еднаш ја потврдува важноста на официјалното и рамноправно присуство на турскиот јазик.
Добивањето на уверението е само почеток. Најважно е одговорно да ги исполнуваме обврските што ги носи оваа функција и ефикасно да ги штитиме правата и интересите на нашите избирачи.
Ви благодарам уште еднаш за поддршката.“


