Изет Меџити денес и официјално го доби мандатот за градоначалник на општина Чаир, по победата во првиот круг од локалните избори одржани на 19 октомври.
Меџити вели дека пред општината стои ново поглавје.
Во објава на Фејсбук, Меџити напиша дека се враќа на своето место со благодарност и посветеност, по една неспорна победа од граѓаните.
Меџити ветува транспарентно и одговорно владеење, ставајќи го јавниот интерес над сè.
Тој ги повика граѓаните на соработка за еден развиен и обединет Чаир.
TV21


