
Утрово на социјалните мрежи се појавија снимки од првиот снег во Србија: забележана е посилна вијулица на планината Голија, а снег провејува и на Копаоник. Медиумите пренесуваат дека се побелени и падините на Бјелашница во БиХ.
Според најавите на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија, во четврток и петок се очекува формирање на снежна покривка во ридските и планинските предели на јужна и источна Србија. На некои планински места се прогнозираат врнежи од 25 до 50 сантиметри снег во рок од 48 часа.
Според најавите, се очекува снегот да стигне и во Македонија.
Уште од денес почнувајќи од вечерните часови и ноќта кон утрешниот ден ќе имаме облачно време со обилни врнежи од дожд насекаде во нашата Република Македонија.
Истовремено, ќе има продор и на многу студено време и токму поради тоа на планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона. На планините, особено оние планини со поголема надморска височина локално ќе се формира снежна покривка дури од над 50/60 сантиметри снег.
TRN