August 26, 2025

Снег ги побеле планините во Романија, а температурите паднаа под нулата

На планината Родна во Романија падна снег.

Турист кој планинарел во понеделникот направил фотографија од снегот во близина на врвот Пјетросу, на надморска височина од над 2.000 метри.

Снимките објавени на социјалните мрежи брзо станаа вирални, објавува порталот Digi24.

Според Романската национална метеоролошка агенција (ANM), температурата во овој период е пониска од нормалната, а во градот Миеркуреа Чиуч, регистрираната температура е минус еден степен Целзиус.








Meteoalarm

Read Previous

Армиски хеликоптер исфрлил 52 тона вода врз критичните жаришта на пожарот во Јасен