
Вчера (25.08.2025) воздухопловниот ВИНГ беше итно ангажиран во поддршка на акцијата за гаснење на шумски пожар во реонот на Јасен, информираа утрово од Армијата.
Интервенцијата, како што велат, започнала во 06:30 часот наутро, по добиеното официјално известување и завршена координација со надлежните институции.
„Во текот на тричасовната интервенција, беа реализирани повеќе летови со вкупно 26 исфрлања и истурени 52 тона вода врз критичните жаришта на пожарот. Во акцијата беа вклучени и капацитети од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Министерството за внатрешни работи (МВР), кои обезбедија логистичка и оперативна поддршка на терен. Воздушната поддршка овозможи значително намалување на интензитетот на огнот и спречи негово ширење, се вели во објавата на Армијата на социјалните мрежи.
Skopjeinfo